Вечерва беше комплетирано четвртото коло во Лигата на шампионите со натпреварите од Е, Ф, Г и Х групите.
Највозбудливо беше во Варшава каде удбалерите на Реал Мадрид во натпревар од 4. коло од Ф групата во Лигата на шампионите успеаа да освојат само бод кај Легија, играјќи 3-3 (1-2). Инзвонредниот натпреварот во Варшава, за жал се играше пред празни трибини, поради казната која ја заработи Легија заради немирите на нејзините навивачи.
Реал Мадрид поведе со 0-2, со головите на Бејл во првата минута и на Бензема во 30.минута, а Оџиџа – Офое намали пред полувремето.
Легија не се предаде, преку Радовиќ израмни на 2-2, а Мулин во 83.минута донесе и водство. Тоа траеше две минути, со оглед дека Ковачиќ израмни на 3-3. Лукас Васкез во последните моменти од мечот ја погоди гредата од голот на Легија Варшава, но полскиот тим освои бод.
Јувентус во Торино, во натпревар од Х групата успеа да освои само бод против француски Лион, играјќи 1-1 (1-0). Домаќините поведоа со 1-0 по голот од пенал на Игуаин во 12. минута. До полувремето фудбалерите на Лион беа рамноправни, но не успеаа да го совладаат Буфон. Во вториот дел фудбалерите на Лион повторно беа рамноправни и како резултат на таквата игра стигна и голот на Толисо во 85. минута за израмнување на 1-1, што на крајот беше и конечен резултат.
Борусија Дортмунд го совлада Спортинг Лисабон со 1-0, со голот на Адријан Рамос и се најде на првото место во групата Ф, со 10 освоени бода.
Резултати Лига на шампиони:
Група Е:
Монако – ЦСКА Москва 3-0, Тотенхем – Баер Леверкузен 0-1
Табела: Монако 8, Баер Л. 6, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 2.
Група Ф:
Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон 1-0, Легија – Реал Мадрид 3-3
Табела: Борусија Д. 10, Реал М. 8, Спортинг Л 3, Легија 1.
Група Г:
Копенхаген – Лестер 0-0, Порто – Клуб Бриж 1-0
Табела: Лестер 10, Порто 7, Копенхаген 5, Клуб Бриж 0.
Група Х:
Јувентус – Лион 1-1, Севилја – Динамо Загреб 4-0
Табела: Севилја 10, Јувентус 8, Лион 4, Динамо Загреб 0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.