| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот со „Анѓелите на смртта“ чини помалку, но најчесто им е последен на клиентите

Десетици илјади ХИВ позитивни проститутки живеат во сиромашните квартови во Лагос, Нигерија. Во еден од најсиромашните делови од градот тие имаат и по пет клиенти дневно, а сексот без заштита го практикуваат бидејќи мажите така повеќе им плаќаат. Досега во овој град се заразени дури 1,2 милиони луѓе.

Бадиа е означена како лоша област, а на Нигеријците таму им недостасува се освен црн хумор, како што се пошегувал еден таксист : доколку доаѓаш со автомобил „можеш да го почувствуваш мирисот на ХИВ однадвор“.

Нигерија е сиромашна земја која брои популација од 140 милиони, а после Индија и Јужна Африка има најголем број жители заразени со ХИВ вирус. Од почетокот на епидемијата која започнала во 2000 погидна, околу 800.000 луѓе умреле во Нигерија. Но, најлошото допрва доаѓа: во рок од 5 години во Нигерија од овој вирус умреле 5 милиони луѓе.

Девојчиња на 14 годишна возраст работат во сиромашните квартови на Лагос за да преживеат. Тие имаат по два до пет клиенти дневно а колку е помлада девојката толку е поскапа. Мажите ги посетуваат како да одат во пекара. За пет минути се надвор со откопчани шлицови. Една од проститутките во Бадиа дневно има по пет клиенти. Многу од нив немаат пари. Најмладите и најпривлечните живеат надвор од областа, а кога ќе зајде Сонцето, се отвораат баровите, а девојките почнуваат да работат и да бараат „бел и добро ситуиран маж“ најчесто грд, но да има пари.

Тие имаат и по еден клиент на ноќ но новната цена е 50 до 100 евра и најчесто одат во хотел. Велат дека користат кондоми, но во пракса најчесто не е така,. поради фактот што мажите плаќаат повеќе пари за секс без заштита.

Повеќето од овие жени завршуваат бремени или со некоја тешка венерична болест. Локалниот лекар им прави абортуси за едно евро, но повеќето жени умеираат или имаат тешки компликации во текот на зафатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top