Луѓето се навикнати да читаат само убави работи и пофалби за својот знак. Но, постои и саркастичен приказ на Зодијакот.
Овен
Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси да се задоволат со харем на љубовници. Несредени се и мозокот им лета од работа на работа, а истите мора веднаш да бидат задоволени. Немаат нежност, себични се и нападни, не се препуштаат на партнерот, а не го ни слушаат.
Бик
Безгрижни, молчаливи личности кои се неверојатно здодевни. Нивниот најголем психолошки проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и не се обидувајте да ги мачите со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Нив треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен. Но, внимавајте, нивниот мир може да се претвори и во манично лудило.
Близнаци
Тие се главните озборувачи и трачари во друштвото, превртливи „издаици“ со дволични аршини кои ги менуваат на секој 10 до 15 минути. Близнаците се вечни актери и нарциси со површни погледи кон животот. Суровата реалност е дека се повеќе личности истовремено и никогаш не можете да знаете на што сте.
Рак
Посесивни лудаци кои се навредуваат ако „доброто утро“ не сте им го посакале со правилна интонација. Ако ги навредите или обвините за нешто ќе се навредат и ќе плачат и кукаат со години. Својата личност ја менуваат од крајност во крајност, а ако сакате да имате темпирана бомба покрај себе кој редовно експлодира на неколку денови, само напред.
Лав
Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во истата се наоѓа најмалку една личност која ги обожава. Па, ако сте со Лав, ќе морате да научите да бидете итри како лисица, секогаш при рака со комплименти, да се согласувате со сè што ќе каже и да го обожавате без причина.
Девица
Опсесивно компулсивни невротици кои се ослободуваат од стресот со чистење на домот, со местење на облеката и полирање на порцеланот. Незаситени се и упорни и никогаш, дури и совршеното не им е доволно. Припадниците на овој знак не знаат за љубов, а можете да бидете сигурни за една работа, кога тогаш ќе ви забијат нож во грбот.
Вага
Нарцисоидни шизофреници на кои огледалото им е најдобар пријател, потполно се нестабилни и им треба недела дена да одлучат што сакаат, Coca-Cola или Pepsi. Толку се мрзливи што е чудно како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат, но треба да сте финансиски моќни или на некоја функција. Не очекувајте реципроцитет.
Скорпија
Самосожалувачки автодеструктивци кои својата тага не можат да ја поднесат сами па мораат да повлечат уште 100 луѓе со нив. Да е утре крај на светот, не би се шокирале, туку би го пречекале со радост. Знаат да бидат и љубоморно опсесивни психопати, па не ви препорачуваме да бидете невнимателни. Знаат без причина да избувнат.
Стрелец
Уживаат да „солат“ памет на другите, а ентузијазмот им е толку голем што се убедени дека можат да ги оживеат и мртвите ако сакаат. Може да е убеден дека ве сака, а тоа да му пројде за месец дена, освен ако не сте доволно богати или да имате статус и моќ. Нивниот систем на вредности во животот е тотално наивен, неприкладен и заради него често патат.
Јарец
Вистински Јарци со рогови кои веруваат во судбината до последна буква, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете цел живот покрај нив, а никогаш да не знаете што имаат да кажат. Емотивно неписмени, па колку и да се обидувате да газите по нив, нема да успеете. Јарците не се способни да ги покажат своите емоции, а често се и мрачни.
Водолија
Разуздани личности кои животот ко минуваат најмалку 500 пати со губење на себе. Водолиите би биле пријатели со секого, но на крајот тоа не им поаѓа од рака, па најчесто ги изневеруваат оние кои најмногу се грижеле за нив. Вечно го пикаат носот таму каде не им е работа, а склони се да излажат и за работи за кои не би очекувале некој да лаже.
Риби
Здодевни личности кои само се жалат за тоа колку им е тежок животот и чекаат некој да дојде и да ги утеши. Не можат ништо без туѓа помош, а и најмалите ситници ги доживуваат како најтрагични, а често ги заморуваат другите околу нив. Кога се доби, се занимаваат со туѓите проблеми, ама брзо пак, паѓаат во депресија и така повторно во кругот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.