| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото ги натерал на линч: Го промени полот, убијте го! (ВОЗНЕМИРУВАЧККО ФОТО)

nintchdbpict000278772208

Штотуку венчана 25-годишна трансродова жена од Дагестан, руска област во која преовладува муслиманско население, брутално е убиена по промената на полот. Рајна Алиев, претходно позната како Адам, е убиена само неколку дена откако се омажила за нејзиниот сакан Виктор, пренесува „Сан“, повикувајќи се на локална телевизија „Рен“.

До убиството дошло откако таткото на жртвата Алимшаих Алиев преку телевизија порачал да го линчуваат.

– Нека го убијат, со очи веќе не сакам да го видам. Доведете го овде и убијте го пред моите очи – изјавил тој.

И нејзината мајка го поддржала овај став.

– Не сакам да го видам. Родив син, сега што? Ова е толку голем срам за семејството – изјавила мајката.

nintchdbpict000278772217

 

Според соселаните, Адам целиот свој живот имал феминизирани потези, се облекувал по тесни хеланки и маички, дури и гласот му наликувал на жена. Заминал во Москва каде работел по ноќни клубови. По операцијата за промена на полот минатиот месец, Адам сега Рајна, конечно била жена, по што се омажила.

Бруталното убиство на Рајна се уште не е решено, само се знае дека е претепана до непрепознатливост.

nintchdbpict000278772206

 

Селскиот началник вели дека половина од луѓето во селото сакале да ја убијат.

– Според нашата традиција, тој го посрамоти семејството и фрли стигма на нашето село – вели тој, додавајќи дека Рајна ги пријавила во полиција сите закани кои пристигнале на наејзина адреса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top