Иако се трудат својата љубов да ја држат колку што е можно подалеку од очите на јавноста, странските медиуми пренесуваат дека Ирина Шајк и Бредли Купер сериозно размислуваат за венчавка!
Се прашуваме што ли ќе каже Роналдо во врска со сето тоа…
Еден од најубавите холивудски парови наводно конечно донел одлука за да стапне на „лудиот камен” и да ја официјализира врската. E!Њуз пренесува дека Ирина (30) и Бредли (41) на големо зборуваат за свадба, а сакаат и колку што е можно побрзо да се реализираат и како родители.
Ирина и Бредли инаку веќе добро е познато дека сакаат својата врска да ја чуваат подалеку од очите на јавноста, па така многу ретко се појавуваат заедно на случувања.
Извор близок до парот открива дека за време на празниците планираат да одат на одмор во некој тропски предел заедно со пријателите и семејствата, па можеби токму тоа ќе биде совршена прилика за да организираат венчавка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.