Aмериканската берза го предвиде исходот на скоро сите претседателски избори во САД уште од Втората светска војна, па до денес.
Според нивните последни показатели, на пат да стане нов шеф на Белата куќа е републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Пазарот кој поминува низ пад сугерира дека „предизвикувачот“ е тој кој најверојатно ќе ја однесе победата. Кога берзата е добро, кандидатот на владејачката партија добива во 82 отсто од случаите. Но, кога акциите паѓаат, другиот кандидат секогаш добива на избори, барем така покажуваат податоците од 1984 до сега.
Само еднаш од 1945 година се случило, кандидатот од владејачката партија да ја однесе победата за време на нестабилна берза, поточно во 1956 година кога Британија и Франција му се придружија на Израел во нападот на Египед, а тогашниот претседател Двајт Ајзенхауер долучил САД да не се меша.
Главниот инвеститорски стратег во „CFRA Research“, Сем Стовал тврди дека состојбата на пазарот е лош знак за Хилари Клинтон.
Акциите на Волстрит пред два дена им се приклучија на европските и азиските берзи во надолниот тренд, бидејќи трката за претседател на САД доби неочекуван пресврт, по веста дека ФБИ ја истражува електронската пошта на Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.