Малку фалело ѕвездата на Барселона Лионел Меси да се степа со играч на Манчестер Сити, по завршување на синоќешниот дуел на „Итихад“. Аргентинецот погоди за водство на каталонскиот гигант од 1:0, но „граѓаните“ направија пресврт и на крајот славеа со 3:1.
По завршување на средбата, еден играч на Манчестер Сити, чие име не се спомнува, решил да испровоцира Меси и го нарекол „глупак“. Тогаш Аргентинецот здивел и буквално сакал да се тепа. Дури се обидел да влезе и во соблекувалната на домаќините, но бил спречен благодарение на неговиот соиграч од репрезентацијата Серхио Агуеро.
Пред десетина дена, Меси имаше и вербална расправија со навивачите на Валенсија кои со шишиња кон играчите на Барселона, на дуелот одигран на „Местаља“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.