Поради загадување во воздухот во Техеран, Иран за една година починале 4.460 лица, изјави советникот на министерството за здравство на таа земја Хасан Агаџани. Оваа бројка се однесува на периодот од март 2011 до март 2012 година.
Властите вторпат за еден месец ги затворија административните згради поради високото ниво на загаденост во воздухот. Воведоа етапно движење на возилата, со цел да се намали сообраќајот, кој е главен причинител на загадувањето. Квалитетот на бензинот кој го користат возилата во Иран е понизок од вообичаено. Тој содржел меѓу два и три проценти канцерогени елементи, а нивото треба да биде под еден отсто.
Според светските статистики главниот град на Иран е еден од најзагадените градови во светот поради неговата географска положба. Градот брои осум милиони жители и има исклучително густ сообраќај. Се наоѓа во ктолина, на 1.500 метри надморска височина и е опколен со планини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.