
Атлетико Мадрид се мачеше со малиот руски тим Ростов во вчерашниот натпревар во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите. Победата ја осигура дури во судиското продолжение со гол на францускиот интернационалаец Антоан Гризман.
Се играше последната минута од мечот, кога Гризман постигна гол за 2-1, но помошникот на шкотскиот судија Томпсон голот го поништи поради офсајд позиција. Сепак главниот судија забележа дека топката со глава ја удри фудбалер на Ростов и нема недозволена позиција од Гризман, и го призна голот за победа на Атлетико Мадрид од 2-1.
Честитки за одлуката на шкотските судии кои сепак во големата збрка ја донесоа вистинската одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


