Паузата од филмскиот сет и судницата, славната двојка Клуни одлучи да ја искористи за уживање на вечерата во Санта Моника. Романтичниот состанок со славниот сопруг, адвокатката за човекови права Амал Клуни го искористи за навлекување на сексапилни и сосема неочекувани парчиња облека.
Иако досега неколку пати ја покажа својата модна смелост, Амал Клуни овој пат се одлучи за чекор подалеку, појавувајќи се во друштво на сопругот во нетипична, сексапилна комбинација.
Заводливиот изглед, Амал го изгради околу кратката маичка од тантела, која наликува на корсет, во комбинација на фармерки со висок струк, кои не го оттргнуваа погледот од нејзиното заводливо торзо.
Целата комбинација Амал вешто ја искомплентира со модерна бомбер-јакна од црн сатен, со платформички со мноштво нитни со брендот „Баленсијаго“, со писмо-чантата од зелено крзно и со децентен ѓердан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.