| четврток, 6 декември 2018 |

Амал Клуни вешто го крие трудничкиот стомак?

клуни

Амал Клуни, сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, е видена првпат во јавноста, откако на почетокот на годината се појавија гласини за нејзината бременост.

Имено, само десетина дена откако еден член од семејството на убавата адвокатка за „Дејли стар“ открил дека двојката чека близнаци, папараците успеале да ги фотографираат Џорџ и Амал додека го напуштале аеродромот во Лос Анџелес.

И додека славната двојка и понатаму одбива да се огласи за овој повод, најновите фотографии дополнително ги подгреале наводите на американските таблоиди. Имено, Амал во сончевата Калифорнија пристигнала во капут, и добро „замаскирана“ со широка облека, додека нејзиниот сопруг на себе имал фармерки и маица со кратки ракави.

А, токму широката облека ги навела американските таблоиди на заклучок дека адвокатката сака да го скрие трудничкиот стомак.

и2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top