| четврток, 6 декември 2018 |

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ е партија која создаде 160.000 нови работни места (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што преку низата проекти што ги има имплементирано во последните години има направено големи промени во нашата земја, истакна денеска во Виница, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која има создадено 16.000 нови работни места, политичка партија која ја има намалено стапката на невработеност на историско ниско ниво. Тоа се должи на многуте мерки, програми и политики во областа на економијата кои што се изработени на суштински начин за да имаат вистински ефект во промената на животот на граѓаните и да создадат просперитетна и стабилна Р. Македонија, рече Муцунски.

mucunski-640x363

Тој посочи дека новата политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најсеопфатна, со проекти кои што се изработени од многу граѓани, експерти домашни и странски.

– Сите тие проекти кои што ќе ги ветиме, ќе ги имплементираме така како што се ветени, во тие рокови и буџетски рамки. Веруваме дека на овие избори граѓаните на Р. Македонија ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе имаме 63 пратеници за да може да формираме стабилна Влада која што ќе се бори за унитарна Македонија која ќе биде подобро место за живеење, посочи Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top