| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозно исчезна – никој не знае каде е првата дама на Северна Кореја

%d0%ba%d0%b8%d0%bc

Сопругата на претседателот на Северна Кореја, Ри Сол-ју со месеци се нема појавено во јавност, што предизвика шпекулации дека првата дама е или трудна или во немилост на одредени луѓе.

Експертите кои се упатени во ситуацијата во Пјонјанг се сомневаат дека Ри Сол-ју, која е претствена како прва дама 2012 година, веројатно паднала во немилост на помладата сестра на КимЏонг, Ким Јо-јонг, која е најмоќна лилност зад диктаторот.

Ким Јо-јонг е главна личност задолжена за пропагандната активност на Северна Кореја и многу неблагодарна должност – величање на ликот и делото на Ким Џонг-ун.

%d0%ba%d0%b8%d0%bc2

Од друга страна Ри последен пат е видена во јавност на 28 март во посета на здравствен комплекс во Пјонгјанг.Токму затоа некои сметаат дека причината за изостанувањето од јавниот живот на Ри може да биде и бременост или пак е под строга заштита поради безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top