| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Ван Гог си го отсекол увото?

Причината поради која уметникот Винсент Ван Гог си го отсекол увото беше непознатa повеќе од еден век, поточно повеќе од 128 години. Според новото истражување, уметникот ова го направил откако дознал дека неговиот брат ќе се ожени.
Ван Гог со женидбата на брат му би останал без најверниот близок пријател и без финансиската поддршка поради романса. Ова истражување ја негира теоријата дека Ван Гог го земал жилетот и си го отсекол увото, бидејќи наводно бил вљубен во уметникот Пол Гоген.
Во писмото на Тео имало и 100 франци како и информација дека ја сретнал старата пријателка Џо Бонмгер која порано го одбила, но дека токму таа седмица се согласила да се омажи за него. Тео напишал и дека побарал дозвола од нивната мајка, како и од нејзиниот постар брат.
Откако Ван Гог си го отсекол увото, го ставил во хартија и отишол во најомилениот бордел, па ѝ го дал на млада жена којашто од претходно ја знаел. Се претпоставува дека не станувало збор за проститутка туку за ќерката на локалниот фармер која во борделот работела како слугинка. Откако ѝ го дал увото, заминал, а таа повикала полиција откако видела што држи во рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top