
Повратникот во првата фудбалска лига на Франција, тимот на Монако, размислува да прави сериозен тим кој ќе им биде конкуренција на ПСЖ, Олуимопик Лион и Олимпик Марсеј во трката за шампионскиот трофеј.
Француските медиуми откриваат дека во тимот од кнежевството сериозно размислуваат во своите редови да ги доведат двајцата супер напаѓачи Карлос Тевез и Радамел Фалкао.
Извори од клубот пренеле информација дека трансферот на Тевез од Манчестер Сити е речиси завршена работа, додека со Фалкао преговорите се во тек, шансите тој да потпише за Монако се големи, но останува да се види дали ѕвездата на Атлетико Мадрид за соодветна оштета ќе биде ослобеден од клубот или ќе се чека подобра понуда.
Интерес за Колумбиецот Фалкао покажуваат и други европски клубови, а во текот на вчерашниот ден голем број медиуми објавија вест дека тој веќе потпишал за Монако.
Освен овие двајца фудбалери, следни на листата на желби за засилувања на Монако се Жоао Мутињо од Порто и Џереми Менез од ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


