| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Радовиш: Избеган затвореник ги грабнал вонбрачната жена и детето

Вчера околу 18.30 часот во с.Ораовица, радовишко, Б.А. (32) од Струмица насилно ја грабнал С. З. (35), која му била вонбрачна жена и со која имал вонбрачно дете, и пеш ја однел во правец на Струмица.

Нејзината мајка Н.З. (67), од истото село, случајот го пријавила во ПС-Радовиш. Од страна на НККР Гевгелија за Б.А. има распишано потерница бидејќи избегал од КПУ-Затвор Гевгелија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top