| четврток, 6 декември 2018 |

Како звучевме досега – Македонија на Евровизија низ годините (Видео)

За точно два дена Македонија по 13-ти пат ќе се претстави на Изборот за песна на Евровизија. Влатко и Есма ќе настапуваат трети во втората полуфинална вечер, па дали бројот 13 ќе биде малер или сосем спротивното останува да видиме.

До тогаш да се потсетиме како почна нашата евровизиска приказна. На 9 мај 1998 година во Бирмингам, Велика Британија, Владо Јаневски ја исполни „Не зори зоро“ или, како што на англиски ја преведоа „Somebody Stop the Dawn“, и со освоени 16 поени го пополни 19. место.

mac9811

Владо Јаневски со „Не зори зоро“

Во Бирмингам тој замина без спонзори, ТВ-камери, стилист и без ниту еден новинар од Макеоднија. Владо дури сам ја купил облеката од Милано бидејки од „Тетекс“ му кажале дека едно сако му е доста за 10 дена на „Евровизија“.  Осумдесет проценти од видеоспотот, МРТВ го направи со монтажа на стари архивски снимки на планини и езера. Владо ја напишал песната за неговата тогашна девојка од Русија, со која живеел во Москва.

 

Бидејќи не се пласира меѓу првите 14, Македонија следната година паузираше од овој фестивал, па две години по зората на Владо, во 2000 година, кога исто како годинава „Евровизија“ се одржуваше во Шведска, заминавме на евровизиската сцена во XXL издание. Марија, Ивона, Росица и Верица пееја „100% те љубам“ и со 29 поени го освоија 15. место и покрај „одличниот“ настап.

xxl123_v-contentgross

XXL со „100% те љубам“

Авторот Џон Кенеди О’Конор изјави дека девојките претерувале со настапот и кореографијата, притоа занемарувајќи ги вокалните способности, што придонесе за лошиот резултат.

 

Две години по нив, на „Скопскиот фестивал“ поддршката од публиката и од жирито ја доби Каролина Гочева, која по победата возбудено вети дека ќе го даде својот максимум достојно да ја претставува својата земја.

Eurovision+2002+mac02

Каролина во фустанот на Ношпал

И покрај скандалите околу тоа дали „Од нас зависи“ треба да се изведува на македонски или на англиски јазик, Каролина во Талин, Естонија, блесна во контроверзниот фустан дизајниран од познатиот македонски креатор Александар Ношпал. Сепак, тоа повторно не беше доволно за понатамошен настап, па по освоеното 19. место со 25 поени, Македонија повторно беше ставена на пауза од една година.

Продолжува…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top