| четврток, 6 декември 2018 |

Моден викенд Скопје: Смело и откачено – Ревија на студенти на ТМФ

Студентите од „Институтот за дизајн и инжењеринг на облека“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева синоќа го отворија вториот ден на Моден викенд Скопје кој се одржува по 14. пат. Ревиите на есенскиот четиринаесетти Моден викенд Скопје се одржуваат во„Скопје Мериот хотел“.

unnamed-4

– Со желба за иновација и позитивна енергија, студентите од насоката за Дизајн и текстилно инженерство, заедно со студентите од катедрата за Прехранбена технологија и биотехнологија, соработуваа во кондензација на заедничките идеи. Ритамот беше клучна инспирација за 3Д одпечатоци, мириси, вкусови, дизајн на облека, дизајн на храна, фотографија. Сите сетила беа вклучени во процесот на работа – Ритамот е вибрација, бран, движење, звук, пулсирање. Денес, повеќе од секогаш дизајнот и технологијата се тесно поврзани, па иднината е токму во продолжувањето на таа соработката од која континуирано постои можност за нови идеи – вели дизајнерката Лидија Георгиева.

unnamed-3

unnamed-2

фото: Дими и Ани

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top