| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко силно се подготвува и нестрпливо го очекува мечот со Џошуа

klicko

Еден од најдобрите боксери на модерното време Владимир Клично потврди дека ќе боксува против актуелниот шампион во IBF верзијата, Ентони Џошуа на почетокот на 2017 година.

– За мене е подобро борбата да се одржи што е можно побрзо. Во март или во април би сакал да се одржи борбата со Џошуа, бидејќи ова е најважниот меч во тешка категорија во последните неколку години за мене – смета Кличко.

Кличко загуби од Тајсон Фјури и очајнички сака да се врати во рингот. Тој пред неколку дена демантираше дека размислува за пензионирање на крајот на 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top