Калјари ја доби пресметката против Палермо (2-1), последна од 11. коло во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски повторно се запиша во листата на стрелците, но залудно како и во многу случаи.
Тимот на Калјари беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до трите бода. Први во шанса беа гостите од Палермо, преку Ивајло Чочев, кој биеше непрецизно со глава во 12. минута од натпреварот.
На тоа возврати домаќинот, кој дојде до водство преку погодокот на Даниеле Десена во 53. минута од натпревар. Тој испрати одличен удар, а немоќен беше голманот на Палермо. Истиот фудбалер, десетина минути подоцна го зголеми резултатот на 2-0 и очигледно беше дека бодовите остануваат кај домаќинот.
Несторовски со својот нов гол во Серија А во 79. минута ја врати резултатската неизвесност, но неговиот Палермо немаше сили за израмнување на резултатот. Нашиот репрезентативец ја продолжи својата голгетерска форма, што е одлична увертира во пресрет на квалификацискиот натпревар против Шпанија на гостински терен, наредната сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)