| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно рече „да“: По 5-годишна врска, пејачката ќе застане пред олтар!

adel

Пејачката со раскошен вокал, Адел, му кажа „да“ на својот долгогодишен дечко и татко на своето дете, Сајмон Конеки. Сајмон ја запроси пејачката по врска од пет години, како што пренесуваат британските медиуми.

-Одлучија дека е вистинско време за голем чекор напред. Адел нема да ја видите да шета со голем дијамантски прстен на раката, тоа не е нивниот стил. На свршувачката нема да и’ придаваат големо значење, но решени се наскоро да застанат пред олтар – изјави за „Мирор“ извор близок на двојката.

Инаку, Адел и Сајмон започнаа заеднички живот летото 2011 година, а веќе во октомври идната година го добија синот Анџело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top