Легендарниот хрватски фудбалер Давор Шукер изминатите денови бил учесник на фудбалски симпозиум во Сараево на кој новинарите имале можност да поразговараат и на интересни теми со него како актуелен предводник на Фудбалската федерација на Хрватска.
Тој зборувал и за најубавите моменти во кариерата, само неколку дена откако беше одбележан 29-годишниот јубилеј од освојувањето на светската титула на Југославија во младинска конкуренција.
– Чиле и освојувањето на светска титула за играчи до 20 години за мене е незаборавно исто како и третото место на Светското сениорско првенство во 1998 година. Но, и денес, кога се мачам да заспијам, ми се појавува слика на Турам кој ни даде два гола и нѐ остави без финале – потенцирал Шукер, кој му е посебно благодарен и на последниот југословенски селектор Ивица Осим.
– Благодарен сум на Осим затоа што ме избра за настап на СП во 1990 година, мене ми беше чест да бидам дел од таа експедиција, па и покрај фактот што седев на клупа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.