| четврток, 6 декември 2018 |

Нико Ковач ги одработува последните два дена на клупата на Хрватска?!

Селекторот на хрваттската фудбалска репрезентација Нико Ковач по двата катастрофални резултати во квалификациите за Европското првенство, во кои „коцкестите“ најпрвин одиграа нерешено во Азербејџан (0-0) и доживеаја непријатен пораз од Норвешка синоќа (2-0) по се изгледа ќе ја заврши работата на селекторското место порано од предвиденото.
Од првото место на табелата, за само четири дена Хрватите паднаа на третата позиција и сега зависат и од резултатите на другите селекции во последните две кола од квалификациите.
Ковач покрај лошите резултати, влезе и во конфликт со најголемите хрватски фудбалски ѕвезди кои ги набеди дека тие се криви за лошите резултати.

Хрватските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со можните наследници на Ковач, но јасно е дека на претседателот на федерацијата Давор Шукер ќе му биде многу тешко во моментов да најде соодветен заменик имајќи предвид дека се работи за крај на квалификацискиот циклус, а сите квалитети тренери од Хрватска веќе се ангажирани. Нема да биде чудо ако за дуелите против Бугарија и Малта идниот месец биде договорен актуелниот тренер на Динамо, Зоран Мамиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top