| четврток, 6 декември 2018 |

Шукер: Штимац не е веќе селектор на Хрватска

По поразот од Шкотска од 2-0 во последниот натпревар од квалификациите, Игор Штимац ја понуди својата оставка од местото хрватски селектор.

Иако Хрватска загуби на три од последните четири натпревари, ќе игра квалификации за во Бразил, а денеска ќе знае со кого ќе се бори за влез на Светското првенство.

Во 11 часот почнува седницата на Хрватскиот фудбалски сојуз, а во 12 часот ќе биде одржана прес-конференција за медиумите на која ќе се дознае за судбината на Штимац.

Претседателот на ХФС, Давор Шукер, по доаѓањето во Загреб потврди дека Штимац веќе нема да биде  селектор на Хрватска.

– Репрезентацијата е посрамотена. Мене лично Штимац не ми поднесе оставка, но знам што треба да направам – изјави Шукер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top