Фондацијата Трајче Мукаетов и годинава традиционално доделува 35 нови стипендии, и тоа 15 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за учебната 2016-2017 година.
Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени во печатените медиуми, а извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање.
Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата Трајче Мукаетов доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1.200 евра во денарска противвредност. Годинава еднократна парична награда ќе добијат Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет со просек 9,93 и Марко Костовски од медицинскиот факултет со просек 9,97. Никола Јовановиќ е и стипендист на фондацијата „Трајче Муакетов“.
Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендирала 379 студенти по фармација и медицина вклучувајќи ги и новите 35 од оваа учебна година. Од нив 142 студенти по фармација и 108 по медицина се веќе дипломирани(вкупно 250).Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им се продложуваат стипендиите и во тек на наредната учебна година. Од 2009 до денес, својата кариера во Алкалоид во одделите фармација, ја започнале 40 од стипендираните студенти на Фондацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.