| четврток, 6 декември 2018 |

Две несреќи со трактор вчера

Две незгоди со трактор се случија во текот на вчерашниот ден, по што две лица завршија во болница.

Утрото околу 08.30 часот во с.Љуботен, скопско, обработувајќи нива со трактор, И.А. (53) од истото село, застанал со тракторот сакајќи да ги исчисти плуговите, но бидејќи бил поставен на надолнина, тракторот започнал да се движи. И.А. се обидел да го запре со раце, но бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата. Тој бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување. Полициски службеници од ПС-Чаир не излегле на местото на настанот, бидејќи член на семејството на И.А. го пренел тракторот од нивата во неговиот дом.

Подоцна, околу 14.00 часот, во атарот на с.Рамно, битолско, П.Г., управувајќи трактор, се превртел при што се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот ќе се врши денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top