Велеа дека е „дебелко“ на почетокот на сезоната кога го облече дресот на Јувентус, за фановите на Наполи ќе остане вечен „предавник“ откако го напушти овој клуб и замина во Торино, но никој не може да му ја одземе фудбалската мајсторија. А тој е дефинитивно мајстор за постигнување голови.
Статистичарите во Италија пресметаа дека секој втор шут на популарниот Пипита кој е упатен кон противничкиот гол, всушност завршува во мрежата. Оваа сезона тој има постигнато 7 гола од 14 упатени удари кон голот на противничките тимови.
Дека не е тоа статистика од само неколку меча, потврдува и податокот што го имаше како напаѓач на Наполи. Минатата сезона тој постигна 36 гола во дресот на „наполитанците“ од 83 упатени удари. Значи, за целата сезона, процентот на реализација е 43% од упатени удари кон противничкиот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.