Популарниот српски филм „Рани“ за деца кои се пробиваат во светот на криминалот е пострашен одошто изгледа на платното. Тој е снимен по вистинска приказна
Инспирација за филмот е ТВ-прилог за двајца малолетни криминалци. Едниот ќе го застрела другиот со пет куршуми, а потоа за да фо спаси пријателството и да ги зирамни сметките, ќе бара од ранетиот другар да испука ист број куршми во него.
Режисерот Срѓан Драгоевиќ не го гледал прилогот пред да го нии филмот, за него дознал од прераскажување од пријатели, па сакал така да остане за да не му влијае врз одлуката за распределба на логитеглавната улога му ја доверил на Душан Пекиќ, кој имаш сличен живот кко Пинки. Тој трагично го завршува животот само две години по снимањето на филмот. За трагичниот живот на Пинки, прочитајте ТУКА.
По снимањето бил изненаден колкава сличност има меѓу актерите и вистинските јунаци на оваа приказна.
-Филмот можеше да се сними само на овој начин на кој е снимен. Многу груб, со насилно третирање на времето за кое се зборува. Секое покажување емоции за тие клинци ќе го направеше педагошка поема, препатетичен. Тогаш ќе можеше да се рече – ех тие деца, сепак постои некоја надеж за нив, сепак длабоко во душата се луѓе. Да, и јас сметам дека се луѓе, но од нив се создал некој сосема друг луѓе, секако не по нивна вина. На некој начин, тие се апсолутно такви какви што се, производ на едно сурово и бесчувствително време. Со тоа морам да кажам дека не се согласувам дека во филмот нема емоции. Но, тие емоции се сокриено од грубоста, со монтажата која не допушта емоцијата да се развие, раскажува режисерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)