Интер експресно им се врати на поразите во Калчо-лигата, откако „нероаѕурите“ загубија на гостувањето во Сампдорија со 1-0, за својот четврти неуспех во последните пет кола од елитното италијанско фудбалско друштво.
Очигледно е дека последниот триумф над Торино не ја крена премногу атмосферата во таборот на „нероаѕурите“, кои одиграа уште еден потпросечен натпревар што го реши Квалјарела со гол во самиот финиш од првото полувреме. Иако се соочи со негатива, Интер не успеа да создаде доминација, во игра влегоа и Периши и Паласио, но гостите од Милано не успеаја да стигнат до израмнување.
Речиси сигурно е дека ова беше и последен натпревар на Де Бур на чело на Интер, откако холандскиот стратег доби ултиматум од управата, но уште еднаш се покажа неспособен за да го извлече овој клуб од големата криза.
Сампдорија со овој триумф има 14 бода и се наоѓа на делба на 11. позиција токму со Интер, со огромни 13 бода заостанување зад лидерот Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)