Енди Мареј уште еднаш ја потврди извонредната форма во која се наоѓа, триумфирајќи на АТП турнирот во Виена. Второрангираниот светски тенисер стигна до пехарот откако во големото финале славеше над Жо Вилфред Цонга со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Уште поважни од пехарот за Британецот се 500-те освоени АТП-бодови, со кои овој тенисер сега се наоѓа многу близу до Новак Ѓоковиќ во трката за врвот на АТП-листата.
Имено, Мареј би можел да го престигне Ѓоковиќ и да го симне Србинот од тронот веќе наредниот викенд, доколку Британецот стигне до трофејот на Мастерс-турнирот во Париз, а Србинот не успее да стигне до финалето на овој турнир. Имено, Ѓоковиќ го брани ланскиот пехар во Париз, со тоа и 1.00 АТП бодови, додека Мареј брани 600 бода бидејќи лани играше во финалето токму против Новак.
Дури и доколку не успее да го престигне Ѓоковиќ на овој турнир, јасно е дека битката на Мареј за првото место ќе продолжи на негов домашен терен, на АТП шампионатот во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.