| четврток, 6 декември 2018 |

„Еј, не плачи те молам“-Шенон Доерти ја расплака водителката позната по остриот јазик (видео)

Популарната актерка Шенон Доерти гостуваше во ТВ-емисијата на Челси Хендлер првпат откако дозна дека е болна од рак. Во еден миг, водитеката позната по остриот јазик и суровоста во интервјуата со познатите дури и се расплака.

„Еј, не плачи, те молам“, и’ кажа Шенон смеејќи се, а потоа продолжи:

„Цело време мислев дека сум храбра и грациозна, но всушност се криев. Има денови кога навистина мислам дека нема да успеам, но, се обидувам да останам силна“,истакна актерката, позната по улогата на Бренда во хит-серијата „Беверли Хилс“.

Таа неодамна мораше да подлежи на мастектомија откако и’ беше дијагностициран карцином на дојка, но ракот се проширил, така што почнала и со хемотерапија.

„Мислам дека станав друга жена. Понекогаш го гледам сопругот и си мислам: ’Многу ми е жал, фраеру!’ Ракот ме научи да бидам скромна“, откри Шенон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top