Италијанецот Андреа Довициосо е победник на Големата награда на Малезија во мотоциклизам во кралската класа од МотоГП шампионатот. Неколку круга пред крајот на трката Довициозо го мина Валентино Роси и стигна до првата победа по цели седум години. На подиумот имаше место и за Шпанецот Хорхе Лоренцо, кој го освои третото место.
🍾🍾🍾 #DoviOnCloud9 #MalaysianGP https://t.co/T22CDmkyQn
— MotoGP™ (@MotoGP) October 30, 2016
Стартот беше поместен заради пороен дожд, па и по повторениот временските услови не беа најдобри, а Крачлоу, Маркез, Хернандез и Јаноне предвреме ја завршија трката, откако загубија контрола над моторот.
Најмалку грешеше Довициозо кој се радуваше на првата победа по Донингтон 2009 година, кога последен пат се радуваше на триумф во кралската класа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.