| четврток, 6 декември 2018 |

Со слаба игра Барселона до три бода благодарение на „ножичките“ на Рафиња (видео)

barcelona-1

Барселона потешко од очекувањата стигна до триумфот против фенерџијата Гранада во 10.коло од Примера, славејќи на „Камп Ноу“ минимално со 1-0.

Стрелец на единствениот гол вреден три бода за Каталонците беше Рафиња во 48. минута од средбата. Тој искористи една одбиена топка која го прелета преку глава и на маестрален начин со „ножички“ ја смести во мрежата на гостите. Тоа се покажа како доволно за нови три бода на Барселона која не искористи неколку шанси за гол. Сега каталонскиот гигант повторно е второто место на табелата со два бода заостанување зад Реал Мадрид и еден повеќе од вториот ривал за титулата, Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top