Арсеналот оружје и муниција кои беа пронајдени околу 16 часот во шума, во близина на семејната куќа на српскиот премир Александар Вучиќ можел да ја уништи целата колона, пишуваат српските медиуми.
На локацијата каде што било пронајдено оружјето, силни полицски сили ја блокирале околината, а на местото на настанот дошол и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Оружјето било пронајдено по дојава од граѓанин, кој ја информирал полицијата дека има нешто сомнително.
Пронајдени се една зоља, повеќе рачни бомби и поголема количина муниција за автоматска пушка и за снајпер.
Според проценките, пронајдената количина оружје била доволна да уништи колона автомобили, автобуси и камиони.
Колку време ова оружје било во шумата, не е познато, но според сознанијата на полицијата, требало да биде употребено овие денови, пишуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста