Ливерпул ја продолжува трката за врвот во Премиер лигата со Манчестер сити и со Арсенал, откако во 10. коло дојде до триумф од 2-4 и на гостувањето против Кристал Палас.
Емре Чан ги донесе „црвените“ до водство во 16. минута, а откако домашните преку МекАртур израмнија во 18. минута, Ловрен во 21. минута повторно го носи Ливерпул до водство.
МекАртур во 33. минута повторно израмни, за да пред полувремето во 44. минута Матип, сепак, ги води „црвените“ со предност на пауза. Во второто полувреме, во 71. минута Фирмино ги постави конечните 2-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.