| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров и Барса испишуваат историја, 100 победи по ред во АСОБАЛ лигата

kire-lazarov

Ракометарите на Барселона се вратија со очекувана победа од гостувањето во Сантандер против Синфин во рамките на АСОБАЛ лигата, а триумфот од 22-27 (13-14) е 100. натпревар по ред со победи во шпанскиот шампионат за најтрофејната екипа.

Овој рекорд тешко дека некој може да го достигне во догледно време, а кој знае уште колку ќе се зголемува. Интересно е што рекордот започна токму со преминот на Кире Лазаров во дресот на Барса од Атлетико Мадрид и од победата против Гвадалахара во сезоната 2012/13, еве уште трае, па капитенот на нашата репрезентација нема ниту еден лигашки пораз откако го смени дресот во Шпанија. Во серијата на Барса покрај Лазаров учествуваа уште и Сорондо, Томас, Нодесбо и Раул Ентрериос.

barcelona

Конкретно попладнево Синфин добро започна, поведе со 3-0, водеше 25. минути, но на одмор Барса замина со +1. Во вториот дел немаше никаква дилема и екипата на Пасквал лесно стигна до победа од 22-27. Лазаров постигна 2 гола, а Борко Ристовски имаше 7 интервенции. Томас и Нодесбо со по 4 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Лапења постигна 5 гола во поразениот тим на Синфин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top