Екипата на Манчестер јунајтед која потроши цело богатство во летниот преоден рок никако да дојде до посакуваната форма во Премиер лигата. И по четвртиот натпревар во низа избраниците на Жозе Мурињо неможат да ја почуствуваат радоста на победата. Иако на денешниот дуел против Барнли одиграа добар натпревар се обидоа дури 36 пати кон голот на голманот Хитон и имаа неколку шанси за гол, сепак Ибрахимовиќ, Погба и другарите со наведнати глави го напуштија „Олд Трафорд“ одигрувајќи само мизерни 0-0.
Можеби за овој резултат кумуваше и главниот судија Клатенбург кој не досуди пенал во финишот од првиот дел кога во казнетиот простор на Барнли беше соборен Дармиан, но тој само одмавна со раката. Следеше жестока реакција од Мурињо кој веднаш беше исклучен и пратен на „ладење“. Во второто полувреме исклучен беше и Херера, поради два груби старта. „Црвените ѓаволи“ имаа многу шанси, но гостинскиот голман Хитон беше фантастичен, а домашниот тим не го служеше ниту среќата со оглед дека погоди неколку стативи.
Во последниот период табу-тема кај британските медиуми беше незадоволството на Пеп Гвардиола од својот прв голгетер, Кум Агуеро. На неколку натпревари Аргентинецот дури беше и како резерва, но токму тој е фудбалерот кој ја прекина црната серија на „граѓаните“ и повторно ја врати насмевката кај шпанскиот менаџер. Сити гостуваше во Бирмингем кај Тони Пјулис и Вест Бромвич Албион, а Агуеро со два фантастично гола уште во првото полувреме најави нова победа на Гвардиола по цели шест натпревари. До крајот на мечот двапати погоди и германскиот репрезентативец Гундоган за конечни 4-0.
Тотенхем и Лестер ремизираа 1-1 на „Вајт Харт Лејн“. Јансен од пенал го доведе домаќинот во водство, а Муса во 48.минута го израмни резултатот на оваа средба.
Резултати Премиер лига:
Манчестер ј. – Барнли 0-0, ВБА – Манчестер сити 0-4, Милдсборо – Бурнемаут 2-0, Тотенхем – Лестер 1-1, Ватфорд – Хал сити 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)