| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески шпиони ги украле плановите на Пентагон за случај на војна меѓу Кина и САД

Кинеските разузнавачки служби повеќепати успеале да се инфилтрираат во структурите на американските владини институции одговорни за националната безбедност, а успеале и од Пентагон да украдат тајни информации во случај на воен конфликт меѓу САД и Кина, пишува американското мрежно издание Washington Free Beacon од четвртокот, кое тврди дека дошло во посед на проектот извештај за комисијата на Конгресот за прашањата од економската и безбедносна сфера во американско-кинеските односи.

„САД се соочуваат со голема и растечка закана по нејзината национална безбедност од страна на кинеското разузнавање, кое извршува операции за собирање податоци“, се наведува во текстот на нацрт верзијата на документот. Неговите автори особено ја истакнуваат примената на Кина од такви средства, како и продирање во компјутерските мрежи и користење на своите агенти. Постојан раст на таквите активност САД ја регистрираат во текот на изминатите 15 години. Во Вашингтон се сомневаат, дека во тоа се особено вклучени кинеското Министерство за државна безбедност, Народно-ослободителната армија на Кина, како и воените организации на Комунистичката партија на Кина.

Интересот на кинеското разузнавање е насочено кон различни агенции и структури во САД, вклучително и кон Федералното биро за истраги (FBI) и Пацифичката команда на вооружените сили (USPACOM). Меѓу конкретните примери во цитираниот извештај се наведува случајот кога потполковникот Бенџамин Пирс Бишоп споделил тајна информација со неговата девојка од Кина, и кој вината ја призна во март 2014 година.

Бишоп, кој имал врски со Пацифичката команда, меѓу другото, на својата девојка ѝ ги открил тајните планови кои се однесувале на распоредувањето на нуклеарните сили и разузнавачкото беспилотно летало „MQ-9 Reaper“. Покрај тоа, потполковникот ја запознал својата девојка со детали од тајниот извештај под наслов „Стратегија за Кина на Министерството за одбрана“.

Слични информации кинеското разузнавање добивало и претходно. Така, во 2010 година вишиот функционер на Пацифичката команда Џејмс Фондрен го предал извештајот на Пентагон за Кина за 2008 година. Грег Бергерсен, друг функционер, исто така предавал тајни до неговото апсење во 2008 година. Двајцата биле врбувани од разузнавањето на кинеската армија.

Во извештајот има податоци и за други функционери, кои наводно биле врбувани до Кина. Така, на пример, во август IT соработникот на FBI Кун Шан „Џо“ Чун изјавил дека на кинеската страна документи за технологијата на Бирото во сферата на надзорот. Притоа, се забележува дека некои документи може да ја загрозат американската разузнавачка мрежа.

„Меѓу украдените податоци имало 5,6 милиони копии, од кои некои можат да бидат искористени за идентификување на американските владини агенти кои работат во тајност, или за копирање на биометрискиот материјал за достап до класифицираните материјали“, се предупредува во документот.

Во извештајот на Комисијата се истакнува дека сличните истекување доверливи информации повлекуваат „сериозни последици за американската национална безбедност“, бидејќи станува збор за планови на американската војска и арсеналот со кој располагаат САД.

„Кинеското разузнавање ја покажала својата голема можност за проникнување во структури одговорни за националната безбедност, вклучително и комерцијални“, истакнале авторите на споменатиот документ. Според нив, Кина е одговорна за најголемиот дел од кибернетичките напади насочени против САД, а текстот во Washington Free Beacon треба да биде објавен на 16-ти ноември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top