| четврток, 6 декември 2018 |

BMW повлекува над 154 илјади автомобили и СУВ возила

Компанијата BMW повлекува повеќе од 154 илјади автомобили и теренски возила во САД и Канада, за да го реши проблемот со електричните инсталации што може да доведе до гушење на моторот.

Со повлекувањето се опфатени моделите од серијата 5 и X5, како и некои возила од серијата 6 и X6 произведени од 2007 до 2012 година.

Компанијата наведува дека инсталацијата што води до пумпата за гориво во резервоарот можеби не е добро изолирана. Тоа може да доведе до тоа жиците да се олабават и да се стопи конекторот, што доведува до течење на горивото. Заради тоа може да дојде до запирање на работата на пумпата за бензин и лоша работа на моторот.

Компанијата информираше дека засега нема рекламации дека овој проблем предизвикал несреќи или повреди.

Дистрибутерите ќе го заменат модулот на пумпата за бензин без дополнителни трошоци за сопствениците на возилата.

Се очекува повлекувањето да започне на 5 декември оваа година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top