| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалник и 9 бодигарди убиени во војната со дрогата на Филипини

Филипинскиот градоначалник кој што беше на листата на претседателот Дутерте поради наводна поврзаност со дрога, денес бил убиен заедно со неговите девет телохранители.

Оваа вест ја соопшти филипинската полиција во времето кога војната на Дутерте против дрогата влегува во втора фаза и сега мета стануваат и политичарите, високите функционери и славните личности на Филипините.

Телохранителите на градоначалникот отвориле оган на полицајците кои што се обиделе да ги сопрат нивните две возила на контролна точка во проблематичната покраина Минданау каде што е роден претседателот Дутерте.

Полицајците жестоко возвратиле на нападот, па биле ликвидирани сите десетмина луѓе во автомобилите, вклучувајќи го и градоначалникот.

screenshot„Тоа беше легитимна полициска операција“, изјави полицискиот функционер Бернард Тајонг додавајќи дека ниту еден полицаец не бил повреден во големата престрелка, а едно полициско возило било изрешетено со куршуми.

„Добивме информација дека градоначалникот и неговите луѓе превезувале дрога па се обидовме да ги пресретнеме, но тие одлучија да почнат да пукаат кон нас“, додаде тој пред новинарите.

Убиството на Самсудин Димауком, влијателен градоначалник на Филипините, се случило далеку од неговиот град Дату Сауди-Ампатуан Магуинданао во кој што живее мнозинско муслиманско население.

Откако во јули оваа година претседател на Филипините стана Родриго Дутерте, таа држава сведочи на брутална борба против криминалците и нарко дилерите. Се претпоставува дека полицијата и „одредите на смртта“ (вооружени тајни единици формирани од Дутерте) досега имаат ликвидирано 2,300 лица.

Сега се претпоставува дека војната против дрогата влегува во втора фаза и се фокусира на политичарите, владините функционери, познатите луѓе и високо позиционираните луѓе во војската и полицијата кои што се осудени за вмешаност во трговија со дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top