| четврток, 6 декември 2018 |

ОНЕ се согласи да ја намали цената на дигитализацијата

digital-television-remote-control-tv 2

Телекомуникацискиот оператор „Оне“ ги прифати барањата на националните и на регионалните телевизии и на министерот за информатичко општество Иво Ивановски и ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси.

Намалувањето на цената, што ќе значи и оптимизација на техничките услови, е во бараниот процент, односно 36 проценти од иницијалниот износ, во случај на плаќање годишна основа. Тоа значи дека националните телевизии ќе плаќаат 99.840 евра, а регионалните 13.056 евра, соопшти „Оне“.

„Оне“ до надлежните институции веќе поднесе барање за измени на договорот и прилозите кон истиот, со што овие промени би стапиле во сила.

„Ја препознаваме важноста на проектот дигитализација, кој е од национален интерес и очекуваме дека овој чекор ќе ги охрабри телевизиите да се приклучат кон процесот, а сето тоа е во интерес на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на „Оне“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top