| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ветува сѐ за сопствен спас

Да не е тра­гич­но, би би­ло смеш­но. СДСМ се оби­ду­ва да ја со­крие „ал­ба­ни­за­ци­ја­та“ и пре­диз­бор­но про­мо­ви­ра про­е­кти кои ве­ќе функ­ци­о­ни­ра­ат. Но, ни­ту За­ев ве­ру­ва во тоа што го збо­ру­ва ни­ту му е гри­жа што мис­ли јав­но­ста. Важ­но е пар­ти­ски­те џо­ке­ри СЈО и МВР на Спа­сов­ски да го уб­ла­жат па­дот на из­бо­ри­те. Но, по дип­ло­мат­ски­те на­со­ки кон СЈО да се при­таи до из­бо­ри­те, што ли за­е­ви­сти­те на­ви­сти­на мо­же да пре­диз­ви­ка­ат за сопс­твен спас?

Не­ве­ро­јат­но е со ка­ква лес­но­ти­ја пр­ви­от со­ци­јал­де­мо­крат се­га се оби­ду­ва да при­ка­же нор­мал­ност во кам­па­ња­та отка­ко му пук­на ба­ло­нот уште пред офи­ци­јал­но да се рас­пу­шти Со­бра­ни­е­то и да поч­не тр­ка­та по гла­со­ви. СДСМ и Зо­ран За­ев се­га мо­ра­ат и да глу­мат при­стој­ност прет­ста­ву­вај­ќи не­ка­ков офи­ци­ја­лен „План…“, иа­ко на си­те од­на­пред им е ја­сен ре­зул­та­тот од со­о­чу­ва­ње­то со јав­но­ста. Всуш­ност, ни­ту на За­ев ни­ту на ра­ко­водс­тво­то му е гри­жа за тоа ка­ко јав­но­ста се­га гле­да на тоа што го пре­зен­ти­ра­ат во днев­ни­те пар­ти­ски актив­но­сти. Глав­на­та гри­жа е што во ме­ѓу­вре­ме, во овие из­бро­е­ни де­но­ви до гла­са­ње­то, ќе сто­рат глав­ни­те аду­ти на СДСМ, СЈО и МВР на Спа­сов­ски, за кол­ку-тол­ку да се уб­ла­жи па­дот. Ви­стин­ски­от план е оста­вен во нив­ни ра­це. Но, се­пак, ова е пре­диз­бо­рен пер­и­од во кој СДСМ мо­ра да по­ка­же актив­но учес­тво на те­рен. А та­му, пак, со­стој­ба­та е ка­та­стро­фал­на за опо­зи­ци­ја­та.

Не­ма се­ри­оз­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја, да не збо­ру­ва­ме за глав­на опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, ко­ја се­којд­нев­но не ја ме­ри сво­ја­та по­зи­ци­о­ни­ра­ност на те­рен. Пра­кти­ка е ре­зул­та­ти­те од та­кви­те ан­ке­ти, пак, да се ко­ри­стат и во по­ли­тич­ки мар­ке­тинг. Но, ка­ко и во до­се­гаш­но­то искус­тво со СДСМ во опо­зи­ци­ја, та­кви­от при­од изо­ста­ну­ва. Но, тоа не зна­чи де­ка не­ма ме­ре­ње на јав­но­то мис­ле­ње или де­ка СДСМ не спро­ве­ду­ва ан­ке­ти. Нив ги има, но не се ни­ту приб­лиж­но во ко­рист на опо­зи­ци­ја­та за да мо­же со нив­но об­ја­ву­ва­ње да се пре­диз­ви­ка мар­ке­тин­шки ефект. За­тоа тие ан­ке­ти се кри­јат ду­ри и од по­ши­ро­ки­от круг од пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво.

Но, и без ан­ке­ти има мно­гу по­ка­за­те­ли де­ка ра­бо­та­та на те­рен, ме­ѓу гра­ѓа­ни­те е по­ра­зи­тел­на за пла­нот на За­е­ви. Пр­во, за­е­ви­сти­те при­вид­но се оби­ду­ва­ат да из­бе­га­ат од чи­ста цр­на кам­па­ња. Вто­ро, во тој обид за „по­зи­ти­вен при­од“ ве­штач­ки се при­ка­жу­ва по­сто­е­ње пар­ти­ска из­бор­на про­гра­ма. Тре­ти­от по­ка­за­тел, пак, е нај­симп­то­ма­ти­чен. Ка­ко со нож пре­се­че­но, од кам­па­ња­та ги сне­ма фло­ску­ли­те за СДСМ – нај­го­ле­ма пар­ти­ја на Ал­бан­ци­те, во­ве­ду­ва­ње­то на ал­бан­ски­от ја­зик на­се­ка­де во Ма­ке­до­ни­ја, а ка­ко во зем­ја да про­пад­на и нај­но­ва­та ѕвез­да на СДСМ и мар­ке­тин­шки дви­га­тел за пре­стро­ју­ва­ње кон „СДСМ ал­бан­ска“, до­ско­раш­ни­от гла­вен де­кор на За­ев, „не­за­вис­ни­от“ но­ви­нар Му­ха­мед Зе­ки­ри.

Нив ги за­ме­ни­ја ве­ту­ва­ња пред гра­ѓа­ни­те за еко­ном­ски за­фа­ти кои не са­мо што не­ма­ат еко­ном­ски раз­ра­бо­те­на стра­те­ги­ја, ту­ку и по­тсе­ту­ва­ат на не­кои ми­на­ти пре­диз­бор­ни памф­ле­ти кои го пре­диз­ви­каа нај­го­ле­ми­те по­ра­зи на пар­ти­ја­та на из­бо­ри. Не­ма по­во­зра­сен гла­сач ко­му ве­ту­ва­ње­то за вра­бо­ту­ва­ње на се­кој дип­ло­ми­ран сту­дент не го по­тсе­ту­ва на поз­на­то­то ста­ро ве­ту­ва­ње од СДСМ за „ба­рем еден вра­бо­тен од се­кое се­мејс­тво“. Со­се­ма се ле­ги­тим­ни и пра­ша­ња­та во јав­но­ста, а ка­де тоа СДСМ ќе ги вра­бо­ту­ва лу­ѓе­то, ако де­сет го­ди­ни на­ста­пи­те им се пол­ни со об­ви­ну­ва­ња за пре­вра­бо­те­ност во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, а др­жа­ва­та пред еко­ном­ски ко­лапс? На смеа и на ше­га се ко­мен­ти­ра де­ка и СЈО се по­пол­ни. Да­ли мо­же­би За­ев ќе ги вра­бо­ту­ва во ком­па­ни­и­те на не­го­ви­от клан? И, впро­чем, кол­ка­ва е про­сеч­на­та пла­та на ра­бот­ни­ци­те во тие фир­ми, да­ли мо­же­би е од 500 до 1.000 евра, кол­ку што се­га, во кам­па­ња, „од ра­кав“ се ве­ту­ва­ат? Зго­ра на тоа, зо­што За­ев и чел­ни­ци­те на пар­ти­ја­та збо­ру­ва­ат за про­е­кти кои ве­ќе се во­ве­де­ни и функ­ци­о­ни­ра­ат, ка­ко, на при­мер, бесп­ла­тен ин­тер­нет или авто­бу­ски пре­воз за сту­ден­ти­те, или из­град­ба на фит­нес-цен­три. Ако ни­што по­ве­ќе, ток­му тие про­е­кти беа на удар на кри­ти­ки од опо­зи­ци­ја­та. До­кол­ку не бе­ше тра­ги­чен, овој обид за при­вид на нор­мал­ност што го при­ка­жу­ва СДСМ ќе бе­ше сме­шен.

На што се дол­жи оваа игра на сен­ки ко­ја се­га ја игра­ат за­е­ви­сти­те? Нес­пор­но, на експ­ло­зи­ја­та од не­за­до­волс­тво што ја пре­диз­ви­ка не­го­ва­та из­ја­ва, а по­тоа и по­твр­да (за се­кој слу­чај, за­ра­ди не­бро­е­ни­те де­ман­ти­ра­ња на За­ев од За­ев) за во­ве­ду­ва­ња втор офи­ци­ја­лен ја­зик на те­ри­то­ри­ја на це­ла­та др­жа­ва, ка­ко нед­вос­мис­ле­но­то ко­ке­ти­ра­ње со ал­бан­ски­те гла­са­чи во Ма­ке­до­ни­ја. Ви­стин­ски­от „план“ на те­ре­нот го за­да­ва уда­рот и со на­о­ѓа­ње кре­ди­бил­ни парт­не­ри за из­бор­но ко­а­ли­ци­ра­ње. Ед­но е јас­но, За­ев тоа што ве­ро­јат­но го ве­тил мо­ра­ше и да го ис­по­ра­ча та­му од ка­де што до­би­ва­ше под­др­шка во се­та дол­го­трај­ност на кри­за­та. Но, и не­го­ви­те мен­то­ри и са­ми­от тој на­пра­ви по­греш­на про­цен­ка за од­не­су­ва­ње­то и без­ре­зерв­на­та под­др­шка од гла­са­чи­те Ма­ке­дон­ци за­ра­ди нив­но­то „не­за­до­волс­тво од ре­жи­мот“. Ако СДСМ дек­ла­ра­тив­но ги не­ги­ра си­те ана­ли­зи за мож­ни на­та­мош­ни пос­ле­ди­ци од та­кво­то ве­ту­ва­ње, кои во­дат до фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та, тие те­зи има­ат сил­на по­ткре­па уште од СМС по­ра­ки­те на За­ев до ли­де­рот на ДПА, Мен­дух Та­чи, па до из­ја­ва­та на ли­де­рот на ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра Му­са Ља­ма­ла­ри. За по­тсе­ту­ва­ње, во по­ра­ки­те до Та­чи, За­ев јас­но и нед­вос­мис­ле­но по­со­чу­ва де­ка од „по­ви­со­ки­те над­вор од Ма­ке­до­ни­ја“ е под­го­тву­ван за „вос­по­ста­ву­ва­ње со­ра­бо­тка со трој­ка­та ко­ја ќе има го­ле­ми при­до­би­вки во ид­ни­на, а тоа сте вие (Та­чи, н.з), Ха­ра­ди­нај и Бе­ри­ша“. Ља­ма­ла­ри, пак, отво­ре­но приз­на де­ка имал сред­би со За­ев со ко­го раз­го­ва­ра­ле за фе­де­ра­ли­за­ци­ја, за што, ка­ко ве­ли Ља­ма­ла­ри, си­те зна­ат де­ка тој се за­ла­га.

Тоа што се­га е из­вес­но за СДСМ е де­ка од­го­во­рот на ал­ба­ни­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та ќе би­де ја­сен на из­бо­ри­те и тие се го­то­ви уште пред да се слу­чат. Ка­та­стро­фал­ни­от по­раз за За­ев и не­го­ви­от тим по­тоа ќе мо­ра да го об­јас­нат пред со­пар­тиј­ци­те, кои ве­ќе му ја „од­ме­ру­ва­ат ко­жа­та“. А при­чи­ни за тоа, по­крај ал­ба­ни­за­ци­ја­та на пар­ти­ја­та и кон­цеп­тот на др­жа­ва­та, се и по­дел­ба­та на пра­те­нич­ки ме­ста и функ­ции и со „улич­на ге­ри­ла“, но и со „ре­зер­ви­ра­ни­те“ по жел­ба на Бран­ко Цр­вен­ков­ски. За­е­ви­сти­те се­га ос­мис­лу­ва­ат и из­ве­ду­ва­ат ак­ци­ја за сопс­твен спас. За­тоа из­бор­ни­те ве­ту­ва­ња и не­ма по­тре­ба да има­ат ви­стин­ски раз­ра­бо­те­на по­ткре­па. Важ­но е са­мо да се изв­ле­че не­кој глас по­ве­ќе и да из­бег­не нај­го­лем по­раз во исто­ри­ја­та, кој не­ми­нов­но ќе пре­диз­ви­ка пре­врат и чис­тка во пар­ти­ја­та.

Си­те на­де­жи за оп­сто­ју­ва­ње на пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво се­га ги гле­да­ат во џо­ке­ри­те СЈО и МВР. Но, ако на­со­ки­те од дип­ло­ма­ти­те кон СЈО се тоа да се при­таи до из­бо­ри­те, што сѐ на­ви­сти­на мо­же да пре­диз­ви­ка­ат за­е­ви­сти­те за сопс­твен спас? Це­на­та за та­ков пре­диз­вик е ви­со­ка. Ча­сов­ни­кот от­чу­ку­ва, а вре­ме­то за из­бо­ри­те ка­ко пре­сек на кри­за­та не­со­пир­ли­во наб­ли­жу­ва. Ма­ке­до­ни­ја во си­от овој кри­зен пер­и­од по­ка­жа тр­пе­ние, зре­лост и чув­ство за др­жав­ност. Сво­ја­та цвр­сти­на, не­сом­не­но, ќе ја по­ка­же и се­га ко­га е најм­но­гу по­треб­на.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 217. број на неделникот „Република“, 28.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top