| четврток, 6 декември 2018 |

Лара Гут порачува: Ако сакате да спиете со мене, јавете ми се!

lara-gut

Најдобрата алпска скијачка во светот Лара Гут одлично ја отвори новата сезона со победата на велеслаломската трка во Зелден. Швајцарката која има 25 години, триумфираше во првата трка, откако беше побрза од второпласираната Микаеле Шифрин.

Сепак победата на трката и прославата едноставно како да и „излезе низ нос“. По трката, ја дочека задолжителната допинг контрола, но тоа не беше доволно. Пет дена по трката, меѓународната допинг контрола ја посети Гут и тоа два пати за само 10 часа.

Првиот пат била посетена во нејзиниот дом во 10 часот навечер. Откако била направена контролата, наредното утро во 8 часот повторно тропнале на нејзината врата и повторно биле луѓето од допинг комисијата. Зачудената Гут решила да го сподели тоа на својот твитер профил и дала свој коментар за ситуацијата.

– Леле… Допинг контрола во 10 часот навечер, допинг контрола во 8 часот наутро. Јавете ми следниот пат, ако сакате да спиете со мене – напиша Гут на својот твитер профил.

lara-gut-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top