Поранешниот член на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, Мане Јаковлевски, кој е и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и еден од жртвите на УДБА кој бил следен и прислушуван поради неговата желба за слободна и независна Македонија со факти и документи ги демантираше тврдењата на поранешниот раководител на Службата за државна безбедност Слободан Богоевски кој пред неколку дена изјави дека никогаш не дал наредба за следење на лица кои се бореле за македонската кауза. Веднаш по интервјуто на Богоевски, Јаковлевски објави документ од неговото досие кое го водело УДБА каде јасно се гледа дека Богоевски дал наредба за негово прислушување. Во наредбата како причина за прислушувањето се наведува дека Јаковлевски е осомничен за тероризам.
Господине Јановлевски, Слободан Богоевски тврди дека во времето кога раководел со Службата за државна безбедност, не издавал налози за следење на лица поради македонската кауза. Односно, потпишувал само налози за лица кои во тие критични моменти биле опасни поради можност да предизвикаваат воен конфликт. Вчера пак, историчарот Никола Србов објави документ од 1991 година, кој верувам дека вие го имате од поодамна, на кој е потпишан Слободан Богоевски, а во кој се наредува ваше прислушување додека сте биле во Германија поради „тероризам“. Дали сте учествувале во организирање терористички напади и дали сте биле дел од некоја група која подготвувала војна во Македонија?
Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Тврдам дека не само јас, ниту Драган Богдановски, ниту еден член на ДООМ-(Движење за Ослободување и Обединување на Македонија), ниту сме разговарале, ниту сме организирале некаков атентат или инцидент за кој Богоевски зборувал. Мало појаснување: во 1972 година ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). ДООМ беше активна кон Македонците кои по 60-тите години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини. Драган и другите членови и симпатизери на ДООМ многу брзо наидоа на проблеми со тогашната УДБА. Во Минхен, од страна на УДБА, ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година на ѕверски начин беше убиен од досега неоткриени убијци организациониот секретар на Централниот Комитет на Движењето за ослободување на Македонија Благој Шамбевски. Исто така во Минхен, УДБА организира кражба на кириличните слова и беше искршена печатницата, во која се печатеше списанието „Македонска нација„. Во 1977 година Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци. Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор. Ова е доказ за се, кој вршел тероризам. Ние од организацијата или тие од службите.
Единствена „грешка“ на сите нас од организацијата (ДООМ) беше што си ја сакавме нашата Македонија и сонувавме еден ден да имаме сопствена Македонска држава, фаламу на Бога денес ја имаме.
Знаете ли воопшто зошто сте биле мета на службите?
Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Затоа што ние се чувствувавме Македонци, а во тоа време политиката на државниот југословенски врв, вклучувајќи го и македонскиот, сакаа да создадат југословени и југословенска нација.
Исто така меѓу нас, јавно се зборуваше и се пишуваше во „Македонска нација“ списание на (ДООМ) за злоделата кои ги има направено тогашното македонско раководство, убиствата на безброј наши истомисленици по Втората светска војна.
Исто така во „Македонска нација“ јавно се пишуваше за фалсификувањето на македонската историја. Тоа беа „најголемите гревови“ што можам да се потсетам, уште еднаш ќе потенцирам, никој и никогаш не планирал никаков атентат.
Богоевски ве обвини вас и сите следени вмровци дека не сте биле никакви жртви на тајни служби, туку сте имале комплекс на помала вредност! Неговите зборови се следните: „Тие не се жртви на тајни служби, туку станува збор за нешто друго. Бесрамно лажат. Станува збор за личности со комплекс на мала вредност. Дека биле важни за македонската кауза… Никој од нив не бил жртва. Гледате… сите се живи и здрави. Власт се сега. “ Како ги коментирате овие навреди?
Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Па не би рекол дека сите сме здрави и живи, еве само за потсетување: Драган Богдановски, Благоја Шамбевски не се меѓу нас живите. Зошто тогаш убивале и се мачеле да прават неколку илјади досиеја? Лесно му е на Богоевски од денешна гледна точка да коментира дека некој бил искомплексиран. Ние бевме задоени со идеологијата со аманетот на претходните генерации за сопствена држава. Зошто и тие место да прават досиеја, не ни се придружија кон идејата за македонска самостојна држава?
Значи по негово сите што сме биле за сопствена држава сме биле со комплекси? Да беше така многу брзо ќе не „излечеа“ и денес се ќе си беше по нивно: денес ќе бевме Југославија или скратена Србославија за која они со сите сили се залагаа и фала му на Бога не им успеа да ја сочуваат нивната држава.
Вие сте еден од „обработуваните“ членови на ВМРО-ДПМНЕ , во досието „Сина птица“. Кој се друг е прислушуван и следен во рамките на ова досие?
Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Ви ги испраќам само дел од имињата на Македонците кои што биле на листата на УДБА за следење:
- 06. 1992 DBK – IV UPRAVA
400000 EKSTREMNO DELUVANJE VO ZEMJATA
PREGLED NA LICA OD R.MAKEDONIJA VKLUČENI VO RAZNI
PARAVOENI FORMACII (VOENI ŠTABOVI, GARDI, STRAŽI, ZAŠTITNI
KOMITETI I SL.) (EV.BR.106) OVAA LISTA IMA PRODOLŽENIE SO SLEDNATA ŠIFRA 400000 0492 214 614 01
ČUŠKOV KRUM GOCE 23.06.1956
ČUŠKOV BORIS KRUM 11.09.1929
ANASTASOVSKI PETRE MITKO 26.07.1926
ANGELOV DIMKO PETRE 02.04.1951
APOSTOLOVSKI VANČO PAVEL 09.06.1948
BOGDANOVSKI DRAGAN 08.09.1929 CELAKOVSKI ARSO PETAR 10.02.1939
CRNOMAROV RISTO DIMITAR 09.09.1952
CRNUŠANOV KOSTA 1904
DIMOV TRAJKO ILIJA 05.07.1933
DIMOV BORIS METODIJA 11.03.1938
DUKOVSKI RISTO BORIS 22.08.1948
GALEV GLIGOR DIMITAR 25.12.1939
GEORGIEV JAKIM STRAHIL 23.03.1927
GOCEV GEORGI DIMITAR 15.12.1942
JAKOVLEVSKI DELCE (MANE) MANOIL 01.02.1951
JANAKIESKI LJUBOMIR VANČO 15.05.1966
JOVANOV JOVAN DRAGAN 02.04.1952
JOVANOVSKI TRAJAN BLAGOJA 07.09.1945
KALUZAROV JORDAN ÐORÐI 23.10.1926
KONEVSKI VANČO PETRE 03.04.1950
LAZAREVSKI METODIJA NIKOLA 16.11.1926
LEBAMOV IVAN 1932
MARKOSKI SLAVE LJUBEN 03.03.1955
MIHAJLOV NIKOLA MIHAJLO 20.10.1941
MITRESKI TRAJKO STOJAN 29.12.1948
MITROV TODOROV ANGELKO 20.07.1920
NAUMOV STOJČE 06.06.1953
NEŠKOV VELKO TRAJAN 20.02.1942
PAVLOVSKI PAVLE PETRE 03.03.1957
PETKOVSKI RISTO PANDE 11.05.1962
PETREVSKI PAVLE TODE 05.05.1943
RAPEV ILIJA METODIJA 26.10.1956
RISTESKI VELE PECO 23.08.1950
RUNTEV PETAR ALEKSANDAR 18.05.1929
STOJMENOV ALEKSO 1927
STOJMENOVA PANDE LILJANA 02.01.1959
TODOROVSKI KIRO MENDE 03.10.1961
UNEV ÐORÐE ANDON 21.09.192 VELEVSKI BORIS PETRE 09.05.1956
VELEVSKI BORIS PAVLE 09.05.1956
VELJANOSKI BORIS NIKOLA 19.10.1954
VELOVSKI JOVAN NIKOLA 09.05.1951
Го познававте ли Богоевски во тоа време? За каков човек важеше?
Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Многу пати сум слушал за него, лично не го познавам. Со огледа на тоа дека „многу усшено откривал“ непријатели во нашите редови во време кога веќе сме самостојна држава, тоа нека му е на чест. Најлошо од негова страна е што се уште се обидува да не оцрнува и нас и нашата самостојна и суверена држава Македонија.
И оваа прилика ќе кажам, НЕМА РОДЕН МАЖ КОЈ МОЖЕ ДА ЈА УНИШТИ ВМРО-ДПМНЕ И НАШАТА БИБЛИЈСКА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)