| четврток, 6 декември 2018 |

Што би се случило кога сите вулкани на светот одеднаш би еруптирале

vulkan

Во моментов на земјата има околу 1 500 активни вулкани кои имале барем една eрупција во изминативе 10 000 години. Но што би се слуило доколку сите би еруптирале во ист момент?

Кога во некој екстремен случај би дошло до ова, сите ерупции не би биле исти. Доктор Метју Вотсон, специјалист за вулкани од Универзитетот во Бристол, вели дека ерупциите на вулканите грубо можат да се категоризираат на два различни типови.

– Едниот тип произведува лава и доста гас и вториот повеќе произведува пепел и гас, објаснува Вотсон кој додава дека разлика во активностите ги контролира вискозноста на магмата.

– Колку е вискозноста поголема, гасот потешко излегува, па поверојатно е дека ќе дојде до експлозија. Но доколку сите вулкани би еруптирале истовремено, се разбира дека последиците би биле катастрофални на повеќе начини, додава тој.

02

Магмата и пепелта би предизвикале катастрофални последици

Магмата не би била едиствената кога би ги натерала да избегаат, а истиот ефект би го направила и големата количина на пепел. Пирокластичните теченија се многу брзи облаци, мешавини на камења, гас и пепел, а достигнуваат температура и над 100 степени целзиусови.

Низ светот, има голем број на луѓе кои живеат во близина на вулкани. На пример, околу 3 милиони луѓе живеат во близина на Везув, а околу 130 милиони живеат на островите Јава каде има 45 активни вулкани.

Меѓутоа, штетите во близина на вулканите би биле само почеток. Вулканската пепел може да патува и до неколку илјади километри.

01

– Пепелта е прилично непријатна работа. Составена е од ситни фрагменти стакло, кристал и карпи, вели доктор Вотсон.

Тој потсетил на ерупцијата на вулканот Ејафјадлекид на Исланд кога многу светски авио-компании ги откажаа своите летови заради страв од оштетување на моторите на авионите.

Освен во воздушниот сообраќај, вулканската пепел може да ги оштети и зградите, а вдишувањето на оваа пепел може да предизвика големи проблеми со белите дробови.

Генерално, животот по една масовна ерупција би изгледал вака: Возилата не би можеле да се движат заради оштетувањата на нивните мотори, а луѓето секаде би морале секаде да одат со гас маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top