| четврток, 6 декември 2018 |

Зелениково првпат добива педијатар

Општината Зелениково е опфатена и со проектот Подвижни аптеки и со најновиот повик за доделување лиценци, доделена е лиценца со која поголем број населени места од овој реон ќе ги добиваат и потребните лекови во своето место на живеење. Министерот Тодоров нагласи дека станува збор за силна јавноздравствена придобивка која овозможува приближување на здравствените услуги до граѓаните

Амбулантата во општина Зелениково, скопско, првпат ќе добие педијатар. Таму досега еднаш неделно беше ангажиран специјалист педијатар од Детската болница во Козле.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека оваа мерка е воведена на барање на граѓаните од општината, кои досега за овие здравствени услуги патувале повеќе километри до најблиската поликлиника во Драчево. Бенефит ќе имаат околу 600 деца, според податоците од општината.

zelenikoco-3-1-640x426

Општината Зелениково е опфатена и со проектот Подвижни аптеки и со најновиот повик за доделување лиценци, доделена е лиценца со која поголем број населени места од овој реон ќе ги добиваат и потребните лекови во своето место на живеење. Министерот Тодоров нагласи дека станува збор за силна јавноздравствена придобивка која овозможува приближување на здравствените услуги до граѓаните.

zelenikoov-3-640x426

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top