| четврток, 6 декември 2018 |

Играла лотарија само за да му докаже на сопругот дека тоа е залудно фрлање на пари: Освоила 1 милион долари!

Госпоѓа Гленда Блеквел од американска Северна Каролина купила грепка за 10 долари, само за да му покаже на својот сопруг дека не е лесно да се добие на лотарија и дека за џабе ги троши парите.

glenda-lotarija-milion-dolari-tocka-2016-02

Сепак, потоа се случило нешто на што таа воопшто не се надевала, а тоа е дека нејзиниот сопруг бил во право. Зошто? Затоа што оваа госпоѓа од Северна Каролина благодарение на таа грепка станала милионерка, односно добила 1 милион долари на лотарија.

-Морав да го прегризам јазикот, рекла таа откако сфатила дека на лотарија добила сума на пари кои што дефинитивно ќе ѝ го променат животот.

За американските медиуми оваа 57-годишна жена раскажува дека сега со парите таа и нејзиниот сопруг ќе купат нова куќа, ќе ѝ помогнат на нивната ќерка и ќе ги обезбедат парите за школување на нивните внуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top