Пеп Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери во светот. Во својата кариера досега седеше на клупата на Барселона и Баерн Минхен, а од оваа сезона го води тимот на Манчестер Сити. Освои се што можеше да се освои, и урна безброј рекорди.
Екипата на Манчестер Сити предводена токму од Гвардиола одлично ја започна новата сезона, но во последниот период никако да стигне до победа.
„Граѓаните“ за победа не знаат веќе шест меча во сите натпреварувања, а последните три бода ги освоија на мечот против Свонси на 24 септември, кога славеа со 1-3. Овој разочарувачки скор значи и рушење на негативен рекорд на Пеп, бидејќи досега најлошата низа на Пеп беше онаа во март 2009 година кога со Барса на пет меча не успеа да извојува победа.
Шанса за прекин на оваа лоша серија Гвардиола ќе има утре кога Манчестер Сити ќе гостува кај Вест Бромвич Албион, натпревар кој започнува од 16.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.