„Лисици црни имам“ е насловот на најновата песна на Панки и Роберт Саздов од „Куку Леле“. Зад текстот, музиката и аранжманот на новата песна се потпишува Роберт Саздов, а пред неколку дена беше снимен и доста провокативен видеоспот.
– На снимањето на спотот беше многу динамично и возбудливо. Видеото за „Лисици црни имам“ е дел од кватрологијата која ни е планирана за 2016 година. Две песни веќе се објавени, „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејби“ , а оваа ќе биде трета. По неа подоцна ќе ја објавиме и четвртата песна, но сите ќе бидат сите поставени на еден линк како една подолга видеоприказна – вели Роберт.
Покрај Роберт и Панки во спотот се појавуваат седум атрактивни девојки, а за снимањето биле користени и разни реквизити од продавницата за сексуални помагала „Валијант“.
Песната и видеоспотот ќе бидат промовирани за многу скоро време, а дотогаш уживајте во последната изведба на „Куку Леле“, „На сон ми доаѓаш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)