| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: Никој не може да ги доведе во прашање доказите против Верушевски

 puc zaev verusevski

Директорот на БЈБ Митко Чавков во интервју за Република тврди дека доказите против обвинетите во Пуч никој не може да ги доведе во прашање, ниту некој може да ги обезвредни. Целиот доказен материјал, според Чавков е прибавен со научно фундирани методологии за работа, со што е утврдено дека групата која ја предводел Верушевски го злоупотребила системот на следење на комуникации.

На прашањето дали МВР може да га­ран­ти­ра де­ка до­ка­зи­те про­тив За­ев и Ве­ру­шев­ски во слу­ча­јот „Пуч“ ќе би­дат без­бед­ни и по пре­зе­ма­ње­то на до­ку­мен­та­ци­ја­та и раз­го­во­ри­те од СЈО, од­нос­но де­ка ори­ги­на­ли­те не­ма да би­дат обез­вред­не­ти и зло­у­по­тре­бе­ни, Чавков одговара:

Из­гра­де­ни­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни ка­па­ци­те­ти са­ми по се­бе се га­ран­ци­ја де­ка до­ка­зи­те што се обез­бе­де­ни на за­ко­нит на­чин и со си­лен ин­те­гри­тет зас­но­ван на раз­ви­е­ни со­вре­ме­ни стан­дар­ди за по­ли­ци­ско ра­бо­те­ње,  ка­ко и ка­па­ци­те­ти­те на се­кто­рот за бор­ба  про­тив комп­ју­тер­ски кри­ми­нал и комп­ју­тер­ска фо­рен­зи­ка, ни­ту не­кој мо­же да ги до­ве­де во пра­ша­ње ни­ту не­кој мо­же да ги обез­вред­ни. На експ­ли­ци­тен на­чин со на­уч­но фун­ди­ра­ни ме­то­до­ло­гии за ра­бо­та, всуш­ност, овоз­мо­жу­ва­ат ре­кон­струк­ци­ја на са­ми­от по­че­ток од аген­тур­но­то и суб­вер­зив­но дејс­тву­ва­ње на гру­па­та ко­ја ја пред­во­дел Ве­ру­шев­ски при зло­у­по­тре­ба­та на си­сте­мот за сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те, за што, впро­чем, има и пра­во­сил­на пре­су­да ка­ко ре­зул­тат на спо­го­ду­ва­ње за ви­на, тврди директорот на БЈБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top